poetry

Срцекршачот

Се вртам, гледам околу себепразни души полни страв,ни миг, ни трагаод ѕвездена прашина.Од никаде нема наплив на енергијанити чувство на возвишеност,Никаде ја нема таа екстаза која во воздухот најавува магија!Очајно се обидувам да се фатамза тенкиот сребрен концец,кој нè врзува мене, тебе и Универзумоти нè води низ сите наши животи.Оти душата твоја е космички патники… Continue reading Срцекршачот

poetry

За тебе

Болката твоја ме боли ме пече и ме реже. Ја чуствувам како товар на гради и како сува кнедла во грло. Болката твоја ме боли ме боде и ме ранува. Како клинец закован во срце и како нож забоден во грб. Болката твоја ме боли ме ранува и ме мачи. Како аждаја која гризе душа… Continue reading За тебе

poetry

За оние кои љубат

Барав, трагав по љубов која ќе опива Мислам децении поминаа од кога љубев. Трагав низ животот барајќи те Тебе Незнаејќи ни како изгледаш. Наоѓав по патот скршени срца, празнини и болка Неотворени подароци, скриени мисли и по некоја орхидеја. Одејќи, плачев, патев понекогаш и се смеев Но никогаш не престанав да љубам. Да го сакам… Continue reading За оние кои љубат

poetry

Пабло Неруда – Ми се допаѓа кога молчиш

Ми се допаѓаш кога молчиш, оти си како отсутна, оддалеку ме слушаш и гласот мој не те допира.Како очите некаде да ти одлеталеи бакнеж еден ти ги склопил усните. И затоа што со сите работи е полна мојата душа, се појавуваш од нив, со нив исполнета.Пеперутко на сонот, на мојата душа прилегаши личиш на зборот меланхолија.Ми се допаѓаш… Continue reading Пабло Неруда – Ми се допаѓа кога молчиш

Инспирација · poetry

Винка Саздова – „Полиња со диви нарцизи“

Винка Саздова е една од нашите авторки, која навистина ме воодушеви. Нејзиното првенче „Последниот чај“ беше книга во која не само што се пронајдов, туку и длабоко ме инспирираше. Иако ме потсети на познатата „Јади. Моли се. Уживај“ на Елизабет Гилберт, сепак имаше нешто толку автентично во книгата - личен печат оставен благодарение на стилот… Continue reading Винка Саздова – „Полиња со диви нарцизи“

poetry

Ода на Салвадор Дали

Роза во величенствената градина што ја посакуваш Тркало во чистата синтакса на челикот.Планината, соголена од импресионистичка маглаСивило се гледа од последните балустради. Модернистички сликари во своите празни студија,Го сечат квадратниот корен на стерилизирано цвеќе. Во поплавата на Сена, санта од мермерГи смрзнува прозорите и растура бршлен. Човек чекори цврсто по асфалтираните улициКристалите се кријат од… Continue reading Ода на Салвадор Дали

poetry

Лаванда

Никогаш те немав.Никогаш ме  немаше.Никогаш се немавмеА сепак си мој.Закован, прикован во мојата душаКако опоен мирисСтруиш низ моето телоКако лаванда.Нежно а сепак силноВкусно а малку горчливоКревко а толку моќно.Мирисаш на магијаНа опојна дрогаКоја поматува ум.Мирисаш на гревОнаков од кој душата патиА телото гориКако лаванда.Од секогаш сме се немалеА душите ни се едно.Уште пред 100 минати… Continue reading Лаванда

Инспирација · poetry

Нека бидеме ние

Нека бидеме јас и ти Нека бидеме Ирис и Демијан Нека небото не прими Во матката на својата бесконечност Да бидеме и ние бесконечни Безвременски Бестелесни. Повикај го Универумот Да ме оплоди преку тебе Син твој во утроба носам Син на огнот и месечината. Сакам да те почувствувам Без да те допрам Вечно душата да… Continue reading Нека бидеме ние

poetry

Утра

Ах обожавам утра За ништо на светот не се пропушта Она што следи после изгрејсонцето Вагон полн белешки врз стар споменар Антените на градот формираат насмевки врз небото Се будам од бучавата на последното такси Што ги враќа сините пијани очи на типот од трети што не ги спушта ролетните Брзам да направам тостови Го… Continue reading Утра