Инспирација · Кафехоличарка · Организација и мотивација

Продуктивно лето

Ете го! Конечно пристигна! Топло време, ведрина во воздухот, луѓе по улици и деца во маалото кои на цел глас викаат „Победа е наааашааа, тиквата е вааашааа!“ Лето. Учебната година официјално завршена, матури и полагања исто така, и сега може да започне опуштањето. Дури и оние кои не работат во просвета, го доживуваат распустот на… Continue reading Продуктивно лето

Кафехоличарка

Пролетна лавина од хаос

Комбинацијата на април и мај секогаш ми била онака „блах“. Нит е зима нит е лето, а оваа година не е ни пролет. Секогаш има премногу случувања околу празниците, кои колку што се убави, толку и истоштуваат. Оваа година особено ме погодија, нема да лажам. Одамна се немав почувствувано како батериите да ми се на… Continue reading Пролетна лавина од хаос

Кафехоличарка

Каква мајка си ти?!

Во денешно време, каде светскиот мегафон наречен „социјални мрежи“ им дава засилен глас на сите, секој има право да си каже што мисли. Ова, се повеќе се применува и во тет-а-тет секојдневието. Луѓето почнаа да се однесуваа како секој разговор да е пост во некоја си Фејсбук група и се опкаруваат со сите, па и… Continue reading Каква мајка си ти?!

Кафехоличарка

Пауза за кафе

Секое утро, уште сонлива со детето во раце, одам и го уклучувам бокалот за топла вода. Со едната рака го држам синчето, со другата полека вадам шолја, турам кафе, шеќер, попарувам и дотурам млеко. Седнуваме на фотелја да се галиме, а мирисот на тоа жешко кафе веќе ја исполнува собата. Тоа е мојот утрински ритуал… Continue reading Пауза за кафе

Кафехоличарка

Новогодишна еуфорија

Прескап, шљокичаст фустан - купен Високи штикли, крајно неудобни - купени Преплатена карта, за кич журка во кафана - купена. Дочекот на Нова година спремен уреден, само уште еден тон светкава сенка, и спремни сте за најлудата ноќ. И тогаш магично, кога часовникот ќе чукне 00:00 вашиот живот ќе се претвори во бајка. Така фино… Continue reading Новогодишна еуфорија

Кафехоличарка

Ден како ден, ќе помине

Денес размислувам за времето. Колку чуден концепт е тоа. Тече како река, а всушност не постои. Го слушаме како нè одминува, а каде и да се свртиме не можеме да го видиме. Ги забележуваме сите бори и флеки на нашата кожа, а никако да го допреме тој што ги нацртал тука. Колку повеќе сакаме да… Continue reading Ден како ден, ќе помине

Кафехоличарка

Бубашарот наречен СТРАВ

Ако за нешто знаеме од најмала возраст, тоа е за страв. Како бебиња се плашиме да бидеме сами, се плашиме од силни звуци, од непознати појави. Во ред,сето тоа е нормално. Стравот е чувството поради кое сме преживеале како човечки род сите овие години. Ни служел како главно предупредување за да се заштитиме,засолниме, одбраниме. И… Continue reading Бубашарот наречен СТРАВ

Кафехоличарка

За лутите утра

Колку пати ви се случило, со уште неотворени очи наутро, да чувствувате како да сте скарани со светот?! Особено во овие есенски, магливи, сиви утра. Често мислам дека сивилото однадвор ми се всадува внатре. Се будам, и уште нерасонета пцујам. Пцујам оти е ладно, оти не сум се донаспала, оти вчера таа тетката во игротека… Continue reading За лутите утра

Кафехоличарка · Организација и мотивација

Од Анксиозност до -Аааа, гајле ми е.

Верувам дека секој од нас во некој момент се почувствувал како светот да сака да го проголта. Обземен од чувства и стравови за кои можеби и нема конкретно, рационално објаснување, а сепак се тука и постојат во нас. Кај некои од нас тие парализирачки чудовишта се поинтензивни и поприсутни отколку кај други, но има неколку… Continue reading Од Анксиозност до -Аааа, гајле ми е.

Кафехоличарка

Венчани за мобилните

Не е ова никаква новост. Не ова „леле што збориш ма“ момент.  Сите ние знаеме и свесни ме до кој степен сме зависни од мобилните, независно дали сакаме да си признаеме или не. Секојдневно промаршуваме да речеме „Добар ден“ по улица бидејќи сме зафатени со гледање „сториња“ на Инстаграм или скролање по Фејсбук. Некако дури… Continue reading Венчани за мобилните