Инспирација

Летна нега на кожа

Една од работите кои ги сфаќам навистина сериозно е негата на мојата кожа. Кожата е нешто што го забележуваме најпрво кај луѓето, а истовремено е и најголемиот орган на човековото тело. Тоа значи дека освен што треба убаво да изгледа, треба и да е здрава и негувана.

Досега мислам дека сите разбравте колку сакам организација и рутини, па така нема да ве изненади што и мојата грижа за изгледот си има своја рутина.

Мојата рутина во принцип е иста преку целата година, како за нега така и за шминка. Она што се менува најчесто се производите. Да појаснам: јас имам комбинирана кон мрсна кожа. Тоа значи дека Т – зоната ми е мрсна, додека образите и јаболчниците ми се посуви. Капаче на тоа, мојата кожа е склона кон поткожни акни на Т-зона, а дисколорација на образите. Ужас кога станува збор за соодветна нега и шминка. Заради овие фактори, морам да внимавам кои производи ги користам, во зависност какво е времето надвор, и во кој „муд“ е мојата кожа. Во зима и есен преферирам потешки хидратантни креми, наменети за комбинирана кожа, а на сувите делови знам и да појачам, со крема за чувствителна кожа. Во пролет, а особено и во лето, гледам кремата да е што полесна, наменета за мрсна кожа склона кон акни бидејќи од самата топлина, кожата се менува, доаѓа го потење и порите се затвораат. Дополнително СПФ кремите (кои се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!) придонесуваат да се чувствувате како да сте потуриле лепак на себе си, па затоа дури и нанесувањето шминка е предизвик! За да си олеснам себе си, редовно се држам до својата летна рутина, која изгледа одприлика вака:

Наутро: миење со гел за лице „Gerovital STOP Acnee” и ладна вода, чистење со мицерална вода „Garnier Pure Active”, повторно миење со ладна вода, нанесување на крема за проблематични зони „ Gerovital STOP Acnee“ на Т-зона, а 2-3 капки масло од чајно дрво на остатокот на лицето. Следува крема за околу очи „Anew –  Avon” и на крај СПФ 50 „Eucerin – photoaging control” заедно со лабело за усни СПФ 25 на „Carroten”.

Навечер: задолжително вадење на шминка – мицерална вода „Garnier Pure Active”, маслен тоник за чистење на шминката околу очите “Nivea”, миење со млака вода (доколку лицето ми е „нафрлано“ или сум во „оној период од месецот“ користам и пена за миење за лице на “Clinique”), крема за лице Natura Siberica за мрсна кожа (сосем малку – кремата е прилично тешка) и на крај крема за околу очи „ Anew“.

Што се однесува до шминката – во летните месеци се трудам да ја сведам на минимум. Во денови кога не сум на работа и знам дека поголем дел од денот ќе бидам дома, избегнувам секаква шминка. Но во денови кога знам дека ќе отидам на кафе или сум на работа, гледам шминката да биде минимална и лесна. Има денови кога на себе имам буквално само коректор околу очи и нос – „Aura – correct ME!”, сосем малку бронзер (колку за дефиниција) – Golden Rose, и маскара за чувствителни очи – “Bourjois – Volume Glamour ULTRA Curl”. Кога сум на работа, знам да „појачам“ со CC крема “Gerovital Stop Acnee” пак наменета за мрсна кожа (п.с воодушевена сум од кремата; во тубата изгледа претемна, но веднаш се адаптира на вашиот тен, а воопшто не ја чувствувате на вашето лице), и тоа го сетирам на Т-зона со пудра во прав – “Manhattan – Soft Mat loose powder”. Следува малку руменило – Rimmel, хајлајтер (нанесен суптилно со fan brush) – Ingrid Cosmetics и сенка од било која марка во nude нијанса, придружено со сличен кармин – најчесто на “Golden Rose” (Soft and Matte creamy lip color 103). Бидејќи честопати се случува дневниот изглед да треба да ми премине во ноќен, сè што правам е: додавам ајлајнер – Catrice, појачувам хајлајтер и секако црвен или темно виолетов кармин – Golden Rose.

Негата кон себе си, рутината која ја имам околу таа нега, за мене претставува еден вид ритуал. Се чувствувам посреќна, посмирена и посамоуверена кога знам дека денес сум си ги одвоила за себе тие 15-20 минути и свесно сум се посветила да блесне моето автентично ЈАС!

Се надевам дека и вие имате своја рутина, а ако не – можеби баш ова ќе ве инспирира да поченете!

П.С Што се однесува до споменатите производи – тие се мој личен избор кој одговара на мојата кожа и не значи дека ќе одговараат на друг. Составот не е им е баш најчист, но на мојата кожа потребна и е салицилна киселина и слични препарати кои делуваат на зголеменото лачење на себум. Постот не е спонзориран, ниту има влијание од друг надворешен фактор.

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.