poetry

Срцекршачот

Се вртам, гледам околу себе
празни души полни страв,
ни миг, ни трага
од ѕвездена прашина.
Од никаде нема наплив на енергија
нити чувство на возвишеност,
Никаде ја нема таа екстаза
која во воздухот најавува магија!
Очајно се обидувам да се фатам
за тенкиот сребрен концец,
кој нè врзува мене, тебе и Универзумот
и нè води низ сите наши животи.
Оти душата твоја е космички патник
и во секоја инкарнација била,
и е во друштво со мојата.
Мислата за тебе
е единсвеното сидро кое ме закотвува
во водите на Универзумот,
доволно долго да помине стравот
а да почувствувам љубов.
Не, тоа не е земска љубов,
не е ни телесна, ни романтична.
Тоа е таа космичка љубов
која руши граници на време, простор и тела.
Тоа е љубов на една распарчена душа
која бие во две различни срца,
и патува низ Универзумот
и сите негови димензии.
Во секоја од нив ние чекориме заедно
некогаш кратко, некогаш само за момент,
се среќаваме и разменуваме магија
која нè полни сè до следна инкарнација.

Но, таа Љубов Космичка бара грижа и нега
и бестелесна блискост.
Бара жртва и потпис за вечност
за да може да продолжи да постои,
за да се сплотат во неа и ред и хаос,
и омраза и мекост.
Бара да се пушти од кафезот од страв
за да може Месечината да љуби,
а Срцекршачот да продолжи да талка
во меѓупросторот на душите и демоните,
и да се сретнат во прегратките на сонот
за да останат да се возвишуваат во Космосот
воински, жестоко, магично...

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.