Инспирација · Организација и мотивација

Како да „спуштиш рачна“

Застој. Буквално сè е како во застој. Како и да го наречете овој временски период – мај, есен, пекол – едно нешто е сигурно: сите нè турна во еден кош, каде чекаме сè нешто да помине или да дојде. Чекаме да поминат дождовите и ветровите, да дојдат па да поминат матурите, да поминат вирусите и настинките, да се распуштиме, да дојде лето… И така, си врват деновите, сите слични еден на друг, а нам ни се чини како времето да застанало. Како ништо да не сме направиле, како ниедна креативна мисла да немаме во глава. Или одиме и молчиме или се жалиме на времето, на здравјето, на градот, на атмосферата.

Не. Едноставно НЕ! Одбивам повеќе да бидам дел од ова метеоропатско лудило! Мора да го променам текот на мислите, а се надевам и вие ќе ми се придружите. Доста е негативност! Ако сами не си ги насочиме мислите кон позитивни идеи, кој треба тоа да го стори тоа за нас!? Не е лесно, но не ни невозможно!

Правете го она што го сакате, барем 15 минути во денот! Ако ве исполнува читањето – земете убава, позитивна книга. Нема изговор – немам време. Наместо телефонот, следен пат кога одите во тоалет, земете книга со вас. Проблем – решен. Ако повеќе ве привлекува слушањето подкасти или Јутјуб видеа – направете го токму тоа. Изберете ги внимателно каналите и луѓето кои ги слушате, и навистина посветете внимание на тоа што го зборуваат. Или ќе научите нешто ново – или ќе го потврдите она што го знаете, но сепак верувам дека тоа ќе ви делува инспиративно.

-Посветете време на себе! Не мислам само да се маскирате зад 3 слоја пудра и сенки. Мислам да посветите време на нега на себе си – и физички и психички. Одвоете онолку време колку што сметате дека ви треба за убав утрински ритуал, макар станале порано од вообичаено. Одвоете време да си кажете себе си колку ја сакате и почитувате личноста што ја гледате во огледалото. Колку ви е важна таа личност, колку капацитет има да го даде најдоброто од себе, и посветете и го вниманието што го заслужува.

-Практикувајте визуелизација! Ова е еден вид медитација кој може да го правите со аудио водич (Google Play Store – Let’s meditate) или сами. Наместо класична медитација, во која целта е да се фокусирате на дишењето и да ја испразните главата, во овој случај вашата глава треба да е активно вклучена. Како што кажува самиот збор – треба да го визуелизирате она што го посакувате, она што го заслужувате, она што сте на пат да го остварите. Креативноста и инспирацијата секогаш лежат во вашата глава, вие треба само да најдете начин нежно да ги разбудите. Овој метод е еден од најдобрите начини за да ги размрдате на продуктивен начин.

-Водете дневник или утрински страници! Не можам да престанам да зборувам за ова, и можеби сум здодевна, но ако сакате да спуштите рачна кочница и конечно да се пуштите по патот кој сте го зацртале – пренесувањето на сите мисли физички на хартија е движењето кое ви треба! Излезете од „мајндсетот“ дека дневикот треба да личи на споменар – не! Дневникот е она што вие сакате да биде – бланко лисја кои ќе ги искинете откако ќе ги напишете, обична тетратка во која паралелно водите сметка за буџетот, или посебна тетратка со убави корици, во која пишувате со посебни пенкала…изборот е ваш. Она што ќе се запише внатре е исто така ВАШ ИЗБОР! Може да ги запишувате сите креативни идеи и планови, може дневните обврски, може соништата, но и стравовите, несигурностите, навредите кои ви пролетуваат низ глава за себе си или за другите. Кога ќе ги погледнете сите ваши мисли кои ве оптеретеуваат, така пред вас, надвор од апстракноста на вашата свест и потсвест, ќе почнете многу поинаку да ги согледувате работите околу вас.

-Мрднете! Едноставно мрднете се од мртва точка – буквално. Доста е шетање од кревет на кауч. Излезете барем прошетајте, макар со чадор. Потрчајте, растегнете се. Јогата е ваш скрен пријател кој едвај чека да ве запознае! Дружете се! Доста ги одбивате поканите за кафе/пијачка под изговор дека сте уморни и ви се спие – а всушност ќе дремете, скролајќи на Инстаграм најмалку 2 часа! Опкружете се со луѓе кои имаат нешто паметно да кажат, или кои во најмала рака шират попозитивна енергија од вас!

Наполнете ги батериите на начин кој вам ви одговоара, но почнете од некаде. Не можеме да чекаме нешто да се случи што ќе го потурне нашето постоење нанапред, а ние да останеме само тивки набљудувачи. Бидете активни учествувачи во вашиот живот, преземете го воланот и сами управувајте со своите мисли, со својата мотивација, со својата амбиција. Преземете ги сите можни чекори кои ви се потребни за да се поместите од таа точка во која сте заглавиле, и конечно – спуштете рачна и тргнете!

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.