Инспирација · Организација и мотивација

Како секогаш да изгледате „пиц-пац“

Секој сака да се чувствува убаво во својата кожа, особено кога тоа ЈАС треба да се прошета надвор, во свет. Не секогаш имаме време, живци и енергија да се претставиме во најдобро светло, но фактот е следен: колку подобро изгледаме, колку сме посредени – толку подобро се чувствуваме. Може до утре да водиме дебата дека не е важно како изгледаш, важно е што носиш во душата, и тоа апсолутно е така. Но зошто сме го сфатиле тоа како или-или комбинација? Зошто да не може да се точни и двете: добра душа + добро изгледам = добитна комбинација! Но што се случува кога едноставно приоритетите се на друго место? Како да изгледаме „добро“ и „средено“ кога едноставно денес не ни е денот?! Епа вака:

Изгледот на смиреност и прибраност оддава многу. Џабе ќе ви е цела нега и шминка на светот ако вашиот поглед и став „зрачат“ со хаос! Еден подолг процес кој би требало да го практикувате за да изгледате „пиц-пац“ , а и навистина да сте така средени, е добра организација на време и обврски! Планерот е ваш пријател број еден! Мислам дека ова го повторувам во секој втор пост, но верувајте – планирањето е мојата религија! Секое утро, без исклучок, направете груба слика за тоа како треба да ви изгледа денот. Впишете ги сите домашни обврски, сите работи кои треба да ги извршите надвор од домот и не заборавајте да одвоите барем 15 минути за себе! Кога имате идеја што треба да правите денес, помали се шансите залудно да го трошите времето на Фејсбук или празен „кафе-муабет“ по телефон. Тоа ќе ве спаси од она лудило кое настанува кога ќе сфатите : каде ми замина денот!? Денес има еден мал милион различни планер кои веќе се уредени внатре со листи, приоритети, планирање буџет и слично. The Bullet Journal, ПланУМ, The Day Dream, , како и планрите на Бершка и Страдивариус, се вистински спасители.

Тие 15 минути за себе, сфатете ги како свети! Одвоете едно место во домот (купатило, спална, на тепих во дневна) каде себе си ќе си посветите малку време. Надворешната нега е приказ за тоа колку всушност водите грижа за себе во секој аспект. За да не губите премногу време околу шминкање и лицкање, практикувајте го францускиот систем на нега – чисто лице, крема (со заштитен фактор обавезно!), коректор, маскара и кармин. Доволно е за да изгледате свежо, одморено и шик! Вашето лице е првото нешто што луѓето го гледаат – зошто да не вложите малку повеќе време и енергија во него?! Вложете време во добар серум за лице (или масло – Miniso Tea Tree oil), крема соодветна на вашиот тип на кожа, добар коректор со природен изглед (Aura, Catrice, Bourjois) и секако, кармин кој нема да се „излупи“ заедно со вашите усни (Deborah, Bourjois, Oriflame One, Wet’n’Wild).

Во оние денови, кога ама баш ништо не ви се става на вас (а сите имаме такви) важно е да имате „скриени адути во ракав“. Како прво, секогаш имајте 2-3 комплетни аутфити кои ви се спремни за облекување во секое време. Парчиња кои знаете дека немаат утка. За мене лично, тоа е црна фармерка, црно сако и маица на риги; џинс или кежуал пантолони, тексас јакна и бела маичка. Секој од вас има неколку такви парчиња, затоа вложете во нив. Купете барем по 2 маички од истата и секогаш имајте една чиста. Ваквиот начин на комбинирање облека ќе ви заштеди и време и енергија, а ќе ве направи да се чувствувате удобно и самоуверено! Друг трик (освен француската шминка) се очила за сонце. Зависно од обликот на вашиот лик, изберете рамка која ви прилега. Не ги следете трендовите на очила од типот на : рефлективни -огледало стакла, силни бои на очила, минијатурни или мачкести – ако тоа не прилега на вашето лице и стил. Одберете класична рамка, со квалитетно стакло. Очилата за сонце секогаш даваат доза на „класа“ ако се избрани внимателно, а и ќе ги прикријат недостатоците кои ви пречат денес. Трет и најважен трик е следниов: еден дел од вашата појава секогаш нека биде екстра, за да компензира за она што сте немале време да го средите. Ако сте немале време да ја средите косата – испрскајте шампон за суво миење (Balea, Syoss, Batiste) и протресете, но за сметка на тоа шминката/облеката нека биде беспрекорна, или обратно. Може да додадете некој „бесен“ аксесоар како обетки, ланче, марама или чанта, кој ќе одвлече внимание од „недостатоците“.

Кога излегувате низ врата – излезете „чисти“. Без разлика каков ви бил денот до тогаш, кога веќе излегувате да комуницирате со светот, не дозволувајте на вас да се гледаат траги од хаос. Ако ви загорел ручекот и сте упропастиле 5 крпи и 7 сунѓерчиња за да средите, или детето решило уметнички да се изрази со црн маркер по белата кујна – оставете го тоа дома. Средете колку што можете, другото ќе ве чека кога ќе се вратите. Товарот од утрото, не го пакувајте во вашата чанта за преку ден. Секое излегување од дома е своја авантура која мора да ја примите со отворени раце. Ако ширите енергија на хаос и расеаност, или уште полошо бес и лутина, таква енергија ќе привлекувате цел ден и вашиот ден ќе станува полош и полош. Не. Едноставно речете си – не! Мора да научиме да гледаме на секој ден како нова прилика, нова авантура, нова можност за успех и напредок.

Вашето најдобро ЈАС никогаш нема да дојде до израз и да блесне, ако не работиме на него секој ден. Вие, сите вие, не сте само ЕДНА работа. Не сте само родител, само работник, само директор или само фризер. Вие сте комбинација од сите работи кои ви се случуваат во еден еден, од сите соништа кои ги имате и од сите амбиции кои ги негувате. Останете верни на тие елементи, останете верни и работете на вашето автентично ЈАС, и еден ден целиот свет ќе ви благодари.

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.