Инспирација · Организација и мотивација

Како да ја разбудиш пролетта во тебе

Иако Баба Марта има 9 ума, а оваа година баш некако сите 9 се истакнуваат, мора да си признаеме дека во сите нас веќе се разгорува желбата за топло време, сонце и промена. Секоја пролет, барем јас, добивам желба да го преуредам домот, да внесам новини и свежина околу мене, но најмногу од сè чувствувам потреба да внесам промена во себе си! Сметам дека зимата, колку и да ја сакам, помалку го замаглува нашето битие, го заробува под својот студ и сивило, и се чувствувам како да ми е одземена цела инспирација, а богами и мотивација.

Но како што ни дојдоа првите пролетни денови, така чуствувам како полека доаѓа и нов наплив на инспирација во мојот живот. Верувам дека и кај сите вас, веќе тлее тоа мало, скрено жарче што ви вика: „Ајде, ајде мрдни се веќе од каучот. Мрдни се и ајде прошетај ме, да го видам новото раѓање на природата!“. Но тоа жарче треба убаво да се разгори пред да излеземе, за да може да ги впиеме сите убавини што ќе ни се понудат периодов! Затоа, ајде заедно, низ неколку чекори да се подготвиме за убавините кои следуваат:

1. Се преоблекува природата преоблечете се и вие! Време да се спакуваат дебелите волнени џемпери, монтки, капи и шалови, и да им се посака добредојде на полесните блузички, маички со кратки ракави и лесните јакни. Освен стандардниот пролетен совет за среден гардеробер, оваа пролет зададете си себе си уште една мисија: минимализација на облеката! Можеби веќе сте во тек со трендот на „capsule wardrobe”, што промовира намалување на бројот на парчиња облека во вашиот плакар. Оваа сезона одлучете се за едноставни, класични парчиња кои може да се комбинираат едно со друго.
Неизоставен дел од ваквиот систем се: добар пар фармерки (едни класични, светло
сини и едни црни), неколку бели и црни маички, црно сако, тексас јакна, 2-3
парчиња во боја (онаа која вас најдобро ви стои), бела кошула и секако еден
долг и еден краток фустан. Во оваа минимализација не се вклучени: спортската
опрема и свечените парчиња (знаете, оние кои се чуваат за од свадба на свадба).
На ваков начин, заштедувате време, енергија, простор и секако пари!
Претпочитајте квалитет наспроти квантитет, и гледајте како постепено стекнувате
нови, одржливи навики!

2. Живот надвор живот внатре! Внесете ја живоста и боите на пролетта во вашиот дом! Средете ги оние фиоки и „креденчиња“ во кои сте акумулирале еден тон намотки, завртки, платени сметки, залутани фискални и празни пакетчиња од апчиња или козметика! Внесете ред и хармонија околу вас! Направете малечок рај на вашиот балкон, со насадување неколку саксии цвеќе, со едно мало масиче и две столчиња, или бидете уште покреативни и ставете завеси, сијалички и растурете перничиња на подот, во бохо стил. Засукајте ги ракавите, и ставете свеж слој боја во вашиот дом. Бидете
храбри и конечно заменете ги белите ѕидови, со пролетно портокалово-жолта боја,
и огреете го вашиот простор!

3. Во природа јас = најубаво јас! Ако повеќете сакате да ја доживеете пролетта во својата вистинска форма, излезете надвор! Нема подобар лек за позитивно расположение од добра прошетка.
Пикник во село или во парк, движење пешки наместо со автомобил, дури и
утринското кафе гледајте да го пиете под сонце (макар и тоа да биде на вашиот
трем). Сонцето е најдобар катализатор на „feelgood” честици
J . Овде ќе се надоврзам и на спортувањето: исфрлете го концептот на „доаѓа лето мора да се стегнам“ од вашата глава, и фокусирајте се на тоа како се чувствувате?! Излезете од загушливите фитнес центри, и упатете се до најблискиот спортски терен! Возете велосипед или
ролери, трчајте или едноставно практикувајте брзо одење. Оваа пролет, вклучете
ја јогата како дел од вашата рутина, или како единствена рутина. Запишете се на
курс по јога или најдете видеа со инструкции на YouTube. Отворете ги сите врати
и прозорци дома, дозволете свежината да го исполни просторот, застанете на вашата простирка, и дозволете му на патувањето да започне. Топло ви гопрепорачувам каналот Yoga with Adriene, како и Андроид апликацијата Keep Yoga.
И двете се бесплатни, а значително корисни особено за почетници!

4. Храна за душа и за око! Факт е дека кога изгледаме добро – се чуствуваме добро, но и обратното е точно! За да изгледате добро потребно е да се негувате, како однадвор така и одвнатре. Витамините и минералите се вашите најдобри пријатели во ова годишно доба. Една потешка страна на пролета, се алергиите кои земаат замав овој
период. Ако сте како мене и наместо да уживате во топлите денови, вие шетате
полуслепи и комплетно затнати цело време, уживањето е дефинитивно заменето со
кошмар! Затоа, навреме почнете да го зајакнувате вашиот имунитет, но почнете и
со земање лекови за алергија, пред таа воопшто да стапи на сцена. Откако сме се
посветиле на внатрешноста, време е да се негува и нејголемиот орган на вашето
тело – вашата кожа. Излегувајќи од сувата клима и загадениот воздух на зимата,
вашата кожа ќе претрпи промени. Затоа е важно да ја третирате и чистите
редовно! Не мора, а и не треба, секојдневно да ја „трошите“ кожата со пилинзи и
разни гелови за миење лице. Доволно е секое утро убаво да се измиете со ладна
вода, и да не заборавате хидратантна крема и заштитен фактор. Навечер, убаво
отстранете ја шминката, исчистете го лицето и вратот со мицерална вода и
нанесете добар слој ноќен крем за лице. Моја препорака е да се обидете со
есенцијално масло од чајно дрво, особено ако имате мрсна – комбинирана кожа. Не
заборавајте ја и кремата за околу очи, како и балсам за усни!

5.Нова енергија цути насекаде! Бидете ВИЕ енергијата која влијае наоколу! Знам дека е тешко да се шири среќа, ако не ја чувствувате во себе, но јас цврсто верувам дека правејќи мали работи кои ве прават среќни, после извесно време ќе акумулирате едно изоблиство на мали среќички кои ќе ве исполнат. Почнете од сосем малите задоволства, како добро кафе, омилениот доручек и онаа маичка која најдобро ви стои. Продолжете со воспоставување на среќна рутина, која ќе ја практикувате секојдневно: книга, јога, свеж воздух, дружба со омилената личност. Повторувајте си себе си, дека
секое утре добивате нова шанса за нов почеток, за нова среќа, за нови можности.
Научете како да застанете зад себе и зад своите одлуки, без да се извинувате!
Ако сте одлучиле дека денес ќе одвоите време за себе-спознавање и раст, научете
да кажете НЕ на луѓето кои сакаат да ве спречат, намерно или ненамерно.
Внимателно одбирајте на што и на кого трошите време! Сите имаме еднаков број
минути во денот, но на нас е како ќе ги искористиме. Искрено разговарајте со
луѓето околу вас, и објаснете им зошто не можете да излезете со нив да го пиете
тоа 100то кафе денес, или зошто не можете баш Вие да им помогнете со тестот по
англиски, ако знаете дека имаат и друга опција. Не ве советувам да бидете
некултурно-себични, воопшто. Она што сакам да ви го пренесам е следново: бидете
свесни кои предлози ги прифаќате и како тие влијаат врз вашето време и вашите
желби. Колку пати сте се одрекле од нешто што вас ќе ве направи посреќни и
подобри, бидејќи некоја другарка/другар по 10ти пат се „скарал/а“ со дечкото/девојката и мора да ви раскаже сè во најмал детал, само за утре да се смират како ништо да не
било!? А ете сте вие, 3 часа посиромашни и ментално истрошени. За да бидете
добри пријатели за другите, треба прво да сте си сами на себе најдобар пријател!

Имајте убава пролет драги мои, се читаме наскоро!

 

One thought on “Како да ја разбудиш пролетта во тебе

  1. Почитувани кафехоличари,
    Длабоко се извинувам за нерамниот формат на овој пост. Очогледно постои проблем во конфигурацијата на WordPress. Се надевам дека таквата техничка грешка, нема да ви го одземе задоволството при читање.
    Ви благодарам на разбирањето.

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Please log in using one of these methods to post your comment:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.